Во скијачкиот центар Валдизер официјално е
претставен новиот SUV на Citroen, C-Crosser. Првиот SUV од Citroen плени со извонреден стајлинг и со исклучително моќен дизел со 160 КС.
Француската марка со елегентниот и луксузниот C-Crosser
дополнително ја проширува својата моделска понуда.
C-Crosser е сестран теренец со одлични перформанси на асфалт и
пристoјни теренски способности, потпомогнати од одличниот мотор кој со помош на
филтерот за честички чад DPFS гаи склоност кон зачувување на животната средина.
Згодниот C-Crosser со каросерија како извајана од инвентивeн скулптор
сугерира на цврстина, виталност, елегенција и препознатлив стил.
Со комбинирање на модуларниот дизајн и сестраноста при
користење во реални услови – не само на хартија – C-Crosser e едноставен
и практичен при секојдневно возење.
Она што одушевува кај теренецот од Citroen е
извонредниот 2.2 литарски четирицилиндричен дизел со турбонатполнење и вредни
160 коњи, кој додатно се перчи со епитетот „чувар на животната средина” поради
нивото на CO2 од 194 g/km.
Вртежниот момент од 380 Nm при 2000
вртежи дополнително го нагласува опуштеното возење со C-Crosser, а радува и
просечната потрошувачка од 7,3 литри на 100 изминати километри.
Малата потрошувачка е плод на иновативниот погон. На сув
асфалт или во град избирате 2WD и моторот ги
задвижува само предните тркала.
Кога условите за возење стануваат полоши вртливиот регулатор се префрла на 4WD. Тогаш
моќноста оди и до задните тркала, а распределбата меѓу предна
и задна оска ја контролира електроника.
Третиот модус за возење е со заклучен централен
диференцијал. Тогаш моќноста рамномерно се распределува меѓу двете оски, а
служи за возење на снег, песок или во кал.
Кога се ќе се собере, C-Crosser е нова
алтернатива во луксузниот сегмент на препознатливи возила создадени за слобода
во движењето и авантура.
|