Се чини дека духот на Пикасо повторно ги замешал прстите
во креирањето на наследникот на Picasso кој треба да биде
поставен на основата на восхитувачкиот концепт C-SportLounge.
Иако личи дека станува збор за малечок автомобил сепак, наследникот
на Picasso или C-SportLounge ќе нарасне во
големина и ќе му се спротивстави на Ford S-Max во битката за
купувачи.
C-SportLounge ќе биде поставен на
платформата на C4 и ќе биде првиот премиум спортски компактен ван кој под
една капа ќе ги обедини карактеристиките на едно купе како што се стил и
перфооманси со комфор и практичност на еден ван.
Автомобилот што се гледа на скиците сепак, е далеку од
дизајнот на концептот C-SportLounge претставен на
салонот во Франкфурт во 2005, но, го задржува обликот кој во себе обдинува
елеганција и спорт.
Со предниот дел владеат огромните предни светла, широкиот
отвор за воздух во браникот и накосеното предно стакло кое е значително покусо
во однос на концептот од 2005.
Развлечениот кров кој во делот на главата на возачот и на
совозачот се издига како кабина кај авион ловец, гледано одстрана завршува
висејќи таму некаде одзади. Всушност се работи за визуелен трик постиган со
застаклување на задните носачи.
Страничната испресечена линија пак завршува со задни
светла во форма на бумеранг, додека задното стакло е направено од два дела,
варијација на тема C4 Coupe. Тука се вклопени и
напумпаните арки над тркалата доволно големи за да во нив се сместат
леснометалните бандажи со пречник од 20 инчи.
И покрај фактот дека C-SportLounge ќе биде
поставен на платформата на C4 ќе биде далеку покомфорен од постоечкиот Picasso кого го
наследува поради зголеменото меѓуоскино растојание за цели 160 милиметри, но и
севкупниот раст на димензиите, посебно должината поголема за 36 сантиметри.
Се очекува C-SportLounge да се
појави на пазарот некаде во 2010 со стартна цена од околу 20.000 евра. Секако
нема да биде единствен модел на Citroen во оваа класа
бидејќи набрзо по неговото претставување ќе пристигне и верзијата Grand.
|