Get Adobe Flash player
Citroen C2 или Peugeot 206?
22.04.2008
citroen-c2-kappa-1.jpgЗависи кого ќе го прашате. Ако отидете во Кина и почнете да ги убедувате дека малечково е Peugeot 206 ќе си премолчат и културно ќе ви објаснат дека вие сте лош познавач на автомобили.

А откако ќе ги здогледате контурите на автомобилот, кого веќе една деценија го препознавате како Peugeot 206, со знакот на Citroen на предната маска и на задната врата тогаш можеби и ќе се запрашате: „Можеби кинезите се во право?

Да во право се, но ова важи само за нивниот пазар и толку. Никаде во светот нема да имате прилика да ја забележите веќе култната 206. редизајнирана и со беџот на Citroen на носот.

Автомобилот наречен Citroen C2 Kappa е производ на групацијата Dongfeng Citroen и познатиот производител на спортска облека Kappa.

Однадвор го краси црвена лента која оди надолжно по средина на автомобилот и на која се протега логото на Kappa почнувајќи од огромнот отвор за воздух во предниот браник па се до крајот на кровот. Задната врата е резервирана исклучиво за дуплиот запченик на Citroen.

Понатаму големи измени претрпеле предните светла заедно со предната маска која го следи препознатливиот дизајн на Citroen и новите задни светла кои како да се превземени од некој од моделите на Volkswagen и благо ретуширани.

Каросеријата е приближена до подлогата благодарение на пониската суспензија, а за спортскиот лик придонесуваат и предниот спојлер и задниот спојлер, страничните завеси, дифузорот интегриран во задниот браник и хромираната цевка од издувот.

Темата од екстериерот се повторува и во ентериерот. Кабината блешти од седиштата преслечени во бела кожа, а монотонијата е разбиена со црвени детали на страниците на седиштата и повторно огромното лого на Kappa во црвена боја на потпирачите за глава.

И покрај тоа што шокира оваа стилска вежба на Dongfeng Citroen и стилистите на Kappa е прилично успешна. А крајниот резултат е мутиран автомобил дотеран во првокласна тренерка.


 

 

 

Facebook