Get Adobe Flash player

Citroen C3 стартува со продажба
03.06.2010

Citroen ја претставува новата генерација на C3 со ептитетите: убав, млад, интелигнетен. И го најавува како иден бестселер на марката која од претходникот продаде преку 2 милиони примероци.

citroen-c3-mkd-2010-1

Причината зошто во Citroen веруваат дека новиот С3 ќе биде далеку подобар од својот претходник е цела низа подобрувања и подигнување на квалитетот кој според одговорните во марката е на ниво на еден Audi A1 и BMW Серија 1.

Интересна споредба за ниво на квалитет со оглед на класата во која припаѓа.

Свежиот дизајн со агресивна муцка, огромни предни светла под кои се сокриваат отвори за довод на свеж воздух, развлечено предно стакло најголемо меѓу сериските автомобили, куполеста линија на кровот, задни светла во облик на бумеранг и со набабрени крила прават C3 да личи дека стои цврсто како топче исклесано од камен. Дали е таков и во возење останува да се види.

Главната приказна околу квалитативниот напредок се сокрива во кабината. Ентриерот е инспириран од возилата во премиум сегментот, пред се од својот брат близнак DS3.

Покрај шик дизајнот на внатрешноста која комбинира ретро и модерен стил главна значајка се материјалите како термички отпорна арматура која не се прегрева на сонце и се нуди во сатенски финиш, или во финиш на четкан алуминиум.

Причината за постигнување на високиот квалитет на новиот C3 од Citroen ја гледаат во многу труд потрошен на развој, преку 2 милиони тест километри и производството кое ќе се одвива исклучиво во Франција во фабриките на компанијата Олне и Пуаси.

citroen-c3-mkd-2010-3

Citroen C3 останува да биде најкус автомобил во класата и во должина мери 3,94 метри што го олеснува спровирањето во град. Широк е 1,73 метри и висок е 1,52 метри. Но, затоа има најголем багажник со волумен од 300 литри.

Малите димензии сепак незначат и малку простор во кабината. Благодарение на тенкиот потпирач на предните седишта назад се добиваат +3 cm во однос на претходникот.

Воедно благодарение на вовлечената арматура пред совозачот, во која сепак се сокрива голема фиока со зафатнина од 13 литри, ослобоеден е простор од + 8 cm за патникот на задната клупа кој седи зад совозачот.

Највпчетлив елемент на C3 е панорамското предно стакло наречено Zenith. Излеано е во еден дел и се протега во должина од 135 сантиметри. Тоа ја зголемува видливоста за 80 степени овозможувајќи им и на патниците назад да уживаат во неограничен поглед на патот и околината.

Горните 25 cm од стаклото се затемнети со користење на посебен заштитен слој кој овозможува трансфер на топлинската енергија во вредност 9 што е ниска вредност во споредба со вредноста 50 на обичните затементи стакла.

Доколку сонцето сепак пресилно пече на располагање е цврста ролетна која се повлекува нанапред и на која се поставени класични сенила за сонце кои дополнитлено штитат кога сонцето стои ниско на хоризонтот.

citroen-c3-mkd-2010-2

Инженерите на Citroen се посебно горди и на одличната звучна изолација. Тие наведуваат дека само во просторот за мотор се искористени абсорциони материјали со површина од 155 dm2. Колку за споредба оваа вредност кај претходникот изнесуваше 48 dm2.

Покрај класичното радио со CD со МР3 со Bluetooth, USB порт и приклучок за iPod, Citroen C3 нуди и навигација наречена MyWay и оригинален аудио систем посебно создаден за неговата кабина кој нуди аудио доживување на концертна сала.

Под хаубата на Citroen C3 работат 4 бенизнци: 1.1 со 60 КС, 1.4 со 75 КС и модерните VTi од 1.4 литри со 95 КС и од 1.6 литри со 120 КС. Од дизелите на располагање се 1.4 и 1.6 HDi. Помалиот со 70 КС, а поголемиот со 90 КС и со 112 КС со филтер за честички FAP.

Citroen го нуди С3 со три нивоа на опременост Аttraction, Confort и Exclusive. Стартот е од 10.500 евра за 1.1 Attraction со ABS + EBD + BAS, 4 воздушни перници, борд компјутер, варијабилно серво, електрика на стакла напред, централна брава со далечинско, електрика на ретровизори, возачко седиште се висинако местење, ISOFIX и деллива задна клупа.

Најскапиот модел е C3 1.6 HDi FAP Exclusive кој чини 17.500 евра и во пакетот опрема плус нуди автоматски клима уред, 6 воздушни перници, ограничувач на брзина, радио со CD + MP3, светла за магла напред, кожен волан, потпирач за рака напред, паркинг сензори, електрика и на задни стакла, греење на ретровизори со паркинг позиција и предно стакло Zenith.

 
Get Adobe Flash player