|
Од пролет Citroen ја проширува својата гама и семејството на С4 со нов модел. Станува збор за кросоверот С4 Aircorss кого марката го најави минатата есен само преку низа фотографии.

Сега Citroen открива и повеќе детали за С4 Aircorss чија светска премиера ќе се случи на салонот во Женева. Погонот ќе биде на предна оска или на сите четири тркала, а движечката сила се два бензинци и два дизели.
Верзијата со погон на четири тркала нуди можност да се избира меѓу погон напред, погон на сите четири тркала и заклучување на централниот распределувач на вртежен момент.
Основа за Citroen С4 Aircorss e Mitsubishi ASX и е плод на продолжувањето на соработката меѓу PSA и Mitsubishi. Исто како што поголемиот C-Crosser е редизајниран Outlander, така и С4 Aircorss e редизајниран ASX.
Освен палтформата заедничко за двата модели се и моторите одличниот турбо дизел на Mitsubishi од 1.8 литри кој остварува 150 КС и 300 Nm и штедливиот бензинец од 1.6 литри со 115 КС и 152 Nm.

Помалиот турбо дизел 1.6 HDi со 112 КС и 280 Nm доаѓа од домашната гаража на PSA. Без оглед на заедничките елементи С4 Aircorss носи печат на Citroen и настапува со единствен стил.
Димензиите велат дека С4 Aircorss е малку поголем од ASX. Растегнат е на 4,34 m во должина, широк е 1,8 m и висок е 1,63 m, или плус 5 cm во должина, 3 cm во ширина и 2 cm во висина, затоа багажникот со 442 литри останува ист.
Покрај единственито печат С4 Aircrоss доаѓа и со мало богатство од опрема на која како круна стои високо квалитетниот аудио систем Rockford Fosgate со моќност од 710 W и сабвуфер.
Цените ќе се знаат пред стартот на продажбата.
|