Citroen C4 WRC во Париз го
понесе епитетот прв светски рели автомобил со хибриден погон и со систем за
враќање на енергијата кој всушност претставува адаптација на погонот HYmotion4.
Погон кој се најде во голем број на концепти
претставени во Париз од групацијата PSA Peugeot и Citroen. Целта на
француските марки беше да брилиираат на домашен терен што несомнено им успеа.
Со технологијата што се сокрива под ламарината на Citroen
C4 WRC би се гордеел секој рели автомобил кој атакува на победа во светскиот
шампионат во рели.
Воведувањето на погонот HYmotion4 во C4
WRC е изведено на следниот начин. Инженерите во Citroen Sport под
хаубата го сместиле познатиот 2.0 литарски четири цилиндричен турбо бензинец кој
остварува 320 коњски сили. Но, тој е само дел од приказната за C4
WRC.
Бензинецот е задолжен за да ги врти предните тркала. Познато
е дека рели автомобилите од светскиот шампионат возат со погон на четири
тркала. Значи потребен е погон и за задните тркала.
За нив е задолжен електричен мотор со моќност од 167
коњски сили. Кога ќе се соберат бројките од двата мотори се добива супер моќен
рели автомобил чив екипаж по потреба располага со снага од вкупно 487 коњски
сили.
И бидејќи рели автомобилите возат во различни услови кои
се менуваат од брзински испит, до брзински испит, HYmotion4 во Citroen
C4 WR е поддесен така за да овозможи голема флексибилност во испорака на
моќност кон предна/задна оска.
На возачот на располагање му се оставени четири модуси на
работа на погонот:
1. Возење само со мотор со внатрешно согорување. Се
користи за лесен, до средно тежок брзински испит.
2. Возење со мотор со внатрешно согорување, но со
користење на системот за враќање на енергијата при сопирање кој овоможува поголема
моќ на сопирање и го спречува заморот на сопирачките. Појава типична за тешки и
долги брзински испити.
3. Возење само со електричен мотор се користи за патните
делници кои ги поврзуваат брзинските испити, но и за возење кон и во рамките на
сервисната зона.
4. Возење со вклучување на двата мотори, класичниот и
електричниот, модус кој драстично ја зголемува моќноста и му овозможува на возачот
во еден кус временски интрвал да го искористи потенцијалот што го нудат 487
коњски сили за подобар резултат на одредена куса делница што на крај заврѓува со остварување на зацртана цел, победа на релито.
Инженерите на Citroen истакнуваат дека
само во електричниот модус на работа C4 WRC може да мине 40 km, но при
ниска патна брзина. Со комбинирање на двата мотори C4 WRC HYmotion4
во просек троши 30% помалку гориво отколку актуелниот светски рели
автомобил на Citroen.
Испораката на доволно количество на моќност од
електричниот мотор е директно врзано со испорачувачот на електрична енергија.
Се работи за акумулаторски пакет од литиум-јонски батерии кои обезбедуваат напон од 400 V.
Според тимот на Citroen кој работел на
проектот C4 WRC HYmotion4 целта е да се прикаже концепт на
хибриден рели автомобил кој ќе биде илустрација за насоката во која би можел да
отиде развојот на рели автомобилите во иднина.
Со оглед на фактот дека последниве години Citroen и неговиот
пулен Себастиен Лоеб палат и жарат на рели патеките ширум светот, веруваме
дека пораката што ја дава францускиот производител ќе остави печат важен за
иднината на релито.
|