|
03.06.2008 |
Комби верзијата на новата генерација на Citroen
C5 пристигна на европскиот пазар и првите оценки како што може да се заклучи
се интересен дизајн, многу простор и прифатлива цена.
А таа во Европа стартува некаде од околу 22.000 евра и за
тие пари покрај основната опрема се добиваат и предни светла кои се вртат во
свијок, автоматски клима уред, темпомат и седум воздушни перници.
Исто како и кај седанот C5 и кај
Tourer може да се бира меѓу конвенционална суспензија со спирални пружини или
хидро-пневматска суспензија која е специјалност на Citroen.
И Tourer доаѓа со три нивоа на опременост SX,
VTR и Exclusive. Моторната понуда е идентична како и кај седанот и се
состои од два бензински и четири дизел агрегати, а врвот од понудата го
претставува верзијата Exclusive со 2.7 литарски V6 HDI со
максимална моќност од 208 коњски сили.
|