Get Adobe Flash player

Citroen DS3 со спортски гени
03.02.2010

Салонот на автомобили во Женева е местото каде што Citroen планира да им ја фрли ракавицата в лице на своите конкуренти со претставувањето на најмоќната верзија на DS3 крстена Racing.

citroen-ds3-racing-2010-1

Citroen DS3 Racing под хаубата го пакува познатиот турбо бензинец THP од 1.6 литри производ на соработката меѓу BMW и PSA Peugeot Citroen, поточно неговата најмоќна изведба која на предна оска испорачува 210 КС.

Истиот мотор го користат и во Mini и го вградуваат во најмоќната верзија Mini John Cooper Works. Заедно со конкурентот од Mini, Citroen DS3 Racing ќе биде најмоќниот модел во класата.

Колку за споредба италијанските конкуренти имаат значително помалку коњски сили. Alfa Romeo MiTo Quadrofoglio Verde има максимална моќност од 170 КС кои ги испорачува 1.4 литарскиот турбо бензинец MultiAir.

Истиот мотор пак сместен во Fiat 500 Abarth Assetto Corse испорачува 190 КС што сеуште е за 20 КС покусо од максималната моќност на DS3 Racing кому му е полесно да ги извлече моќните коњи заради поголемата зафатнина.

Интересно е што Citroen сака да го претвори DS3 Racing во редок автомобил од на кого секогаш ќе се чека и од кого секогаш ќе се бара примерок повеќе. Причината се сокрива во одлуката на Citroen да произведува само по 1.000 примероци од DS3 Racing годишно.

И додека обичната верзија на DS3 стартува со продажба веднаш по завршувањето на салонот во Женева во март годинава, оние што ќе сакаат да седнат зад волан на DS3 Racing ќе мора да почекаат до есен.

Освен со моторот разликата на DS3 Racing во однос на обичната верзија се разликува и по ревидираното подвозје, помоќните сопирачки, ограничениот број на оригинално смешани бои на каросеријата, кровот и арматурата и богатата опременост.

Очигледно големи се плановите на Citroen за DS3. Покрај DS3 Racing на пат е и рели верзијата која е во завршна фаза на развој и следната сезона DS3 WRC ќе го замени C4 WRC во светскиот шампионат во рели.

А се претпоставува дека во фаза на развој е и отворена верзија на DS3 која на пазарот би се појавила на пролет 2011.

 
Get Adobe Flash player