Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Citroen DS3 WRC тестира на големо
19.10.2009
citroen-ds3-wrc-1.jpgФранцускиот рели ас кој не попушта под притисок и продолжува да ги освојува светските рели патеки подготвува принова. Ако случајно помислите не станува збор за наследник на Себастиен Лоеб.

Туку за наследник на модерните рели легенди моделите на Citroen. Прво Xsara WRC, па актуелниот C4 WRC и сега на ред е светски рели автомобил од ново претставениот DS3 .

Се очекува дека Citroen DS3 WRC ќе се појави на рели патеките следната сезона. Иако официјално претставен пред околу два месеци DS3 во рели верзија напорно тестира на затворените рели патеки.

Citroen не препушта ништо на случајот кога е во прашање неговот рели наследство. Инеженерите напорно работат на автомобилот спремен за рели кој личи дека е безмалку завршен.

Секако тајната не треба да биде откриена прерано, па затоа Citroen DS3 WRC тестира под камуфлажа. Но, безполезно е маскирањето кога фотографиите откриваат многу детали од новиот спортист.

Јасно зе забележува ролбарот псоатевн во кабината, отворот за довод на воздух во кабината за разладување на возачот и совозачот и отворот на хаубата за моторот полесно да диши.

Сликата на спортист ја дополуваат тркачките леснометални бандажи, големите сопирачки дискови кои се сокриваат зад нив, а тука е и мобилната работилница која е составен дел од рели тимовите.

Од Citroen сеуште молчат за својот нов рели автомобил. За сега се што се знае за DS3 WRC, освен направените фотографии се претпоставки. До кога не се знае.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook