Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Citroen DS4 e Најубав автомобил за 2010
31.01.2011

Жирито и гласачите на интернет на дваесет и шестиот Меѓународен фестивал на автомобили го прогласија вториот по ред премиум модел на Citroen, DS4 за Најубав автомобил за 2010 година.

citroen-ds4-1-2011-1

Тука не сопреа наградите за DS4. Жирито го прогласи и неговиот ентериер за Најубав ентериер за 2010 година, а престижните награди беа врачени на генералниот директор на Citroen, Фредерик Банзе.

Жирито на Меѓународниот фестивал на автомобили го сочинуваат видни личности од светот на модата, културата, спортот и медиумите. Интересно е што пропозициите на фестивалот предвидено е и гласање преку интернет.

На годинешниот избор гласале луѓе од 62 различни држави, а дури 45% од нив го одбрале Citroen DS4 за Најубав автомобил на 2010, поради што моделот на Citroen собрал најголем број на гласови.

citroen-ds4-2-2011-1

Останатите претенденти за Најубав автомобил на 2010 година биле BMW Серија 5 која го освоила второто место и хибридниот спортист Honda CR-Z кој добил доволно гласови за трето место.

Ова трите најубави автомобили за 2010. По нив следуваат: малиот родстер Renault Wind – четврти, кросоверот Mini Countryman – петти, седанот Infinity M37 – шести и комбито Volvo V60 – седми.

Citroen DS4 е вториот модел од премиум серијата на Citroen кого марката го претстави минатата година на салонот во Париз. Поставен е на основата на компактниот С4, но од него покус e за 60 mm, поширок е за 20 mm, a повисок е за 40 mm.

citroen-ds4-3-2011-1

Доаѓа како компакт со 5 врати, но отсуството на квака кај задните врати му дава линија на купе. Под хауба носи пет мотори. Два дизели од 1.6 и 2.0 литри со 110 и 160 КС и бензинецот од 1.6 литри во три изведби.

Најслабата атмосферска со 120 КС и изведбите со турбо натполнење со моќност од 155 и 200 КС. Менувачите се мануелен или роботизиран со шест степени на пренос. Цената на Citroen DS4 во Европа стартува од 22.500 евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook