Get Adobe Flash player
Citroen DS4 прв тизер
12.02.2010

Citroen одлучи да го објави првиот тизер од вториот автомобил од серијата DS кој ќе ја носи ознаката DS4. Концептот DS4 светлото на денот ќе го здогледа на почеток на март на салонот во Женева.

citroen-ds4-2010-1

Концептот DS4, а подоцна и неговата сериска верзија ќе биде поставен на основата на новата генерација на компактниот хечбек на Citroen, C4 чија светска премиера се очекува на есен на салонот во Париз.

Покрај DS4 извори во Citroen потврдуваат дека на пат е претставување и концептна верзија на поголемиот луксузен модел DS5. Според нив DS5 нема да биде лимузина туку кросовер поставен на плaтформата на актуелниот С5.

Без оглед што концептот на DS4 ќе се појави за неколку седмици неговата сериска верзија ќе остане во фаза на развој се до следната година. Појавувањето на пазарот во Европа најверојатно ќе се случи кон средина на 2011.

 

 

 

Facebook