|
Дизајнот на големите модели на Citroen од секогаш бил инспириран од авионите. Наследство со кое француската марка се гордее и успешно го вкомпонирува во дизајнот на новиот знаменосец DS5.

Најновата фотосесија направена на аеродромот Бурже крај Париз го става Citroen DS5 рамо до рамо со легендарниот суперсоничен патнички авион Concorde исто како и оригиналниот DS и спортистот SM од пред четири децении.
Тој пристигнува на европскиот пазар во март и ќе стартува со цена од 29.500 евра. Ова се однесува на моделот со основниот e-HDi турбо дизел од 1.6 литри и 112 КС кој сериски е опремен со елементи како автоматски клима уред, радио со CD, бандажи од лесен метал и централен екран осетлив на допир.
Следна е верзијата SoChic која стартува од 32.500 евра и во неа се влегува без клуч и исто така се стартува без клуч, а дополнително има Bluetooth и кабина во која се вметнати пооблагородени детали.
Врвот од понудата е спортската верзија која стартува од 37.650 евра и носи биксенон предни светла, поголем централен екран осетлив на допир кој е дел од системот за навигација и камерата за возење наназад.
Покрај најслабиот 1.6 e-HDi, Citroen под хаубата на DS5 го има спакувано и дизелот 2.0 HDi со 163 КС, но и турбо бензинецот 1.6 THP со 156 и 200 КС. Во понудата влегува и хибридната верзија со системот HYbrid4.
Кај неа предните тркала ги задвижува турбо дизел, а задните електричен мотор. Погонот е на четири тркала, а вкупната моќност 200 КС.
|