Пред францускиот производител стои неизвесен период кој
по завршувањето може да ја втурне компанијата во, до сега за нив, непознати
води, но тоа немора да значи ништо лошо.
Напротив. Станува збор за нов момент во Citroen кој по
најавата на Жан-Марк Гал дека компанијата планира експанзија претставува
вистинско изненадување и освежување.
Што е посреди? На кусо: Citroen
планира производство на супер спортски автомобил. Така барем соопштува
шефот за производство во Citroen, Винцент Бесон, а одлуката ќе падне во следните 3 до 4
седмици.
Спортистот на Citroen ќе се потпира на
дизајнот на концептот GT кој беше претставен на салонот во Париз минатата година.
Дизајнот на Citroen GT го потпишува јапонскиот дизајнер
Такумо Јамамото.
Првичната идеја на одговорните во Citroen беше GT да
претставува show car кој ќе ги прикаже можностите на компанијата без никакви
претензии за сериско производство. Но, времињата се менуваат и сега во Citroen
размислуваат за сериско производство.
Сепак, повторно е прашање дали производството на GT ќе биде
сериско. Доколку бордот даде зелено светло за производство на GT, a според
Бесон тоа е „многу веројатно”, ќе биде произведена лимитирана серија од само 15
примероци по цена за парче од 1 милион евра.
„Целта на овој проект не е Citroen да
заработи пари, но ниту да изгуби,” вели Бесон. „Треба да останеме на позитивна
нула и притоа на светот да му покажаме за што све е способен Citroen,”
заклучува тој.
За разлика од концептот кој како двигател користи електромотор,
сериската верзија на GT ќе носи масивен V8 бензинец
земен на заем од Ford, но во комбинација е и General Motors.
Откако ќе падне одлуката дали GT да оди во
серија ќе падне и одлука за кој агрегат да се вградува. Во секој случај тоа ќе
биде мотор со моќност од преку 500 КС наведува Бесон.
Доколку автомобилот добие зелено светло за производство
сериската верзија ќе можеме да ја видиме на есен на салонот во Франкфурт.
Бесон воедно се пофали дека веднаш по објавувањето на
информацијата во Citroen почнале да се јавуваат потенцијални клиенти кои сакаат да
го сместат GT во својата приватна колекција притоа не прашувајќи за
цена.
|