Пријатно изненадување од Citroen чиви
инженери заедно со креаторите на играта за Sony
Playstation, Gran Turismo го создадоа овој нов и необичен GT концепт
едноставно наречен GTbyCitroen.
Концептот претставен на фотографиите ќе и биде претставен
на светската јавност под рефлекторите на салонот во Париз. GTbyCitroen
е создаден за да биде дел од промоцијата на петото издание на играта и ќе биде
вметнат во Grаn Turismo 5 како опционален модел.
GTbyCitroen во должина мери безмалку пет метри,
поставен е на леснометални бандажи од 21 инчи, вратите се отвораат како
галебово крило, носи спојлер чив агол може да се мести во зависност од
потребите, моторот е поставен централно, а кабината е уредена како кај тркачки
автомобил.
И додека GTbyCitroen што ќе биде изложен на штандот на Citroen е само
дизајнерска студија која никогаш нема да влезе во сериско производство,
верзијата што се наоѓа во играта ја задвижува електричен погон кој енергијата
ја добива од горивни ќелии напојувани од водород.
Мускулестото тело на автомобилот го карактеризираат
огромните отвори за воздух, големите стаклени површини кои делуваат како да се
излиени од едно парче, тенките предни светла од сини LED и тесните
ретровизори изработени од карбон-фибер.
Тркачкото уредување на кабината е постигнато со две
тркачки кади преслечени во црна кожа и опремени со појаси во четири точки,
детали од бакар и челик и волан со рамно дно и пресечен на врвот.
Без оглед што Citroen нема планови да го
произведува GTbyCitroen, посетителите на салонот во Париз,
сепак, ќе имаат можност да го возат во симулатор кој ќе биде поставен во
нивниот изложбен простор.
GTbyCitroen не е единствениот концепт на францускиот производител подготвен за салонот во Париз, неодамна најавениот Hypnos подеднакво ќе ја плени публиката.
|