Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Citroen Hypnos хибриден кросовер
04.09.2008
citroen-hypnos-1.jpgНа само еден месец пред стартот на салонот во Париз, Citroen одлучи да го прикаже својот најнов концептен автомобил Hypnos. Се работи за хибрид кој влегува во сегментот на кросовери.

Ова е втор важен концепт од PSA Peugeot Citroen што доаѓа во предвечерието на големиот и гламурозен автомобилски настан каков што се очекува да биде салонот во Париз.

Имено кон крајот на месец август, Peugeot ни отрки повеќе фотографии и неколку детали за својот хибриден концепт, купето со четири врати кое ќе биде претставено токму во Париз.

Набрзо по него и Citroen ни го открива Hypnos. Големиот кросовер на Citroen иако има малку поконзервативен дизајн, кога станува збор за еден концепт, сепак, потенцијално може да е основа за сериска верзија на токму еден ваков модел што ќе влезе во гамата на францускиот производител.

И додека на екстериерот може да му се забележи извесна доза на конзервативност за еден концепт, ентериерот е сосема друга приказна. Тие се дијаметрално спротивни и ентериерот ни открива палета од безброј бои кои прекриваат се и ни откриваат еден чуден концепт на седење.

Седиштата за четирите патници се поставени во цик-цак распоред преку кои се прелива целиот со око забележлив спектар на бои.

За техничкиот дел од Hypnos се знае многу малку. Првичните информации говорат за моќност од 200 коњски сили и просечна потрошувачка од 4,5 литри на 100 km, не се знае дали бензин или дизел, со емисија на СО2 од 120 g/km.

Citroen го чека Париз за да откире повеќе.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook