Get Adobe Flash player
Citroen ќе го тестира Survolt
07.07.2010

Citroen одлучи еден од своите најпривлечни концепти претставени годинава на салонот во Женева, претпоставувате станува збор за Survolt, да го пушти да вози на патеката во Леман на неговиот прв тест.

citroen-survolt-testiranje-2010-1

Тестот треба да се одржи во предвечерјето на одржување на тркачкиот викенд Le Mans Classics кога на легендарната патека се тркаат класичните автомобили кои некогаш возеле на 24 часа Леман.

Планот е спортскиот електромобил Survolt да тестира рано наутро на 10 јули на патеката во Леман пред стартот на официјалниот тренинг и квалификации на класичните автомобили.

Честа да го направи првиот тест со Citroen Survolt ќе и припадне на Ванина Икс ќерка на легендарниот тркач Џеки Икс која вози за тимот Signature Racing и годинава настапи на 24 часа Леман со болидот Lola Aston Мartin.

Ова е доказ дека Survolt не е само изложбен експонат и дека електромобилот вози. Прототипот којшто е спремен да тестира има тежина од 1.150 kg и како и концептот е почива на просторна цевкаста рамка на која се прикачени панелите од каросеријата изработени од карбон-фибер.

Централно во шасијата на Survolt работат два електромотори со заедничка моќност од 300 КС. Според податоците што ги даваат инженерите на Citroen, Survolt е способен до 100 km/h да забрза за помалку од 5,0 секунди и да достигне максимална брзина од 260 km/h.

Електромоторите снагата ја добиваат од два пакети на литиум-јонски акумулаторски батерии кои тежат 140 kg и имаат доволно капацитет за Survolt да достигне автономија од 200 km со едно полнење.

За да се наполнат батериите приклучени на обична електрична мрежа потребни се 10 часа, додека приклучени на високонапонска станица полнењето трае 2 часа.

Подетални информации околу остварувањата на Survolt се очекуваат по тестирањето на електромобилот во Леман.

 

 

 

Facebook