|
24.01.2012 |
|
Протекоа првите официјални фотографии од новиот седан кого го подготвува Citroen. Моделот треба да биде евтина верзија која на одредeни пазари во светот ќе се справува со се поуспешната Dacia.

Според првичните информации кои доаѓаат од Франција, моделот се развива под кодна ознака М43 и ќе биде поставен на некоја од постарите платформи на Citroen. Од фотографиите се забележува дека страниците и муцката потсетуваат на дизајнот на новиот С4.

Седанот во должина ќе мери 4,5 метри, а се претпоставува дека ќе ја носи ознаката ID. Ознаката е дел од историјата на Citroen и со неа биле означувани поевтините изведби на моделот DS во текот на 1950-те до 1970-те години.

Евтиниот седан на Citroen ќе ги освојува пазарите во Јужна Америка, Индија, Кина, но се очекува да пристигне и на некои од пазарите во Источна Европа. Производството ќе се одвива во фабриката на Citroen Виго во Шпанија.
|