Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Citroen му се заканува на Дакар
27.12.2011

Постои веројатност Citroen да го напушти Светскиот шампионат во рели и да му се врати на релито Дакар за две години, односно во 2014 година на триесет и шестото издание на славното рели.

citroen-zx-rally-raid-ari-vatanen-1996-1-2011-1

Гласините ги започна британскиот магазин за мотоспорт Autosport кој вели дека во спортското одделение на Citroen постои решение за почеток на развој на автомобил со кого марката би учествувала на релито Дакар.

Информацијата вели дека инженерите на Citroen се способни да создадат тркач за Дакар за само 24 месеци што значи дека точно до крајот на 2013 година тркачот на фаранцускиот производител би бил спремен.

Терминот се поклопува со истекот на договорот меѓу Citroen и харизматичниот Себастијан Лоеб кој на марката и донесе осум светски титули во рели, а голема е веројатноста дека во следните две години ќе им донесе уште две.

Доколку одговорните во Citroen се задоволат со 10 титули во светското рели тогаш проектот Дакар би можел да започне. Секако маратонските релија не се новина за Citroen кој владееше на нив во средина на 1990-те.

Зад себе Citroen има четири победи на Дакар со ZX Rally Raid. Тој е наследник на успешниот проект Peugeot 405 T16 со две победи на Дакар во 1989 и во 1990 година со легендарниот Ари Ватанен зад волан.

Меѓутоа одговорните во PSA одлучуваат Citroen да ја продолжи приграмата Дакар и така се раѓа ZX Rally Raid кој победи на својот дебитантски настап во 1991 година исто така со Ари Ватанен зад волан и неговиот совозач Бруно Берглунд.

Најуспешниот, со 12 победи на Дакар, Mitsubishi Pajero, ја прекинува серијата на PSA во 1992 и `93 година за Citroen ZX Rally Raid повторно да се врати на врвот во 1994, `95 и `96 година со Пјер Лартиг како возач и Мишел Перин како совозач.

Интересно е што последниот победник на Дакар, Катарецот Насер Ал-Атија, кој потпиша договор со Citroen за во WRC потврдува дека гласините за врќање на Citroen на Дакар не се без основа.

Доколку сето ова е вистина тогаш францускиот производител ќе има помошник при создавањето на автомобил за на Дакар со долгогодишно искуство на маратонските релија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook