|
21.02.2008 |
Во Citroen одлучија да го следат примерот на својата сестринска
марка Peugeot и во новите модели што ќе се појават во следните неколку
години ќе го користи турбо бензинецот на BMW од 1.6
литри.
Моторот е на располагање со 120, 150 и 175 коњски сили, а
Peugeot веќе го вградува во своите модели 207 и 308. Но, овој
мотор во Citroen ќе дебитира во новиот С5, а
примарната цел е вградување на системот стрт/стоп кој оди во пакет со овој
мотор.
Citroen воедно планира до 2010 да го понуди системот низ целата
гама на модели. Старт/стоп системот што ќе го носат моделите на Citroen ќе биде
ист како оној што сега го нуди Mini. Моторот се гаси при стоење на семфор или во градски
метаж и стартува откако возачот ќе го притисне педалот на спојката и ќе стави
во прв степен на пренос.
|