Get Adobe Flash player
Citroen со повеќе детали околу Hypnos
21.10.2008
citroen-hypnos-1.jpgПо двата цртежи објавени минатиот месец за својот хибриден кросовер Hypnos, Citroen во Париз ги прикажа најважните детали за концептот со високо технолошки погон.

Иако станува збор за концепт, сепак, дизајнерите во Citroen нацртале релативно конзервативен автомобил давајќи до знаење дека Hypnos потенцијално претставува основа за производство на сериски модел.

Клучниот елемент кај Hypnos е иновативниот високо технолошки погон заснован на новиот систем на PSA Peugeot Citroen наречен HYmotion4 hybrid AWD. Групацијата планира овој систем на хибриден погон на четири тркала да го имплементира во сериските автомобили од 2011.

Суштина на технологијата кај Hypnos е комбинирање на дизел со електромотор од што во PSA не се откажуваат. Дизелот ги задвижува предните тркала, додека електромоторот поставен на задната оска ги врти задните тркала.

Hypnos го задвижува 2.0 литарски турбо дизел кој испорачува 200 коњски сили и максимален вртежен момент од 420 Nm. Снагата до предните тркала се пренесува преку шест степен автоматски менувач.

Одзади дополнителна моќност обезбедува електромотор со 50 коњски сили и вртежен момент од дополнителни 200 Nm.

Кога и двата агрегати се во погон го забрзуваат Hypnos до 100 km/h за 9,4 секунди. Големиот кросовер е во состојба да мине 1 km од место за 31 секунди.

Перформансите и потрошувачката на гориво во случајот на Hypnos како да се обратно пропорционални. Во просек Hypnos троши 4,5 L/100 km и има емисија на СО2 од 120 g/km.


 

 

 

Facebook