|
Citroen во Женева прикажа свое видување на тема како треба да изгледаат спортските автомобили во иднина. Оригиналниот концепт Survolt е доказ за креативниот дух што владее во Citroen.

Со своите компактни димензии 3,85 метри должина, 1,87 метри ширина и 1,20 метри висина и неповторливите футуристички линии Survolt можеби не делува како да е дојден од друг свет, но сигурно делува како дојден од друго време.
Токму тоа сакаат да го нагласат во Citroen. Survolt во исто време треба да е агресивен, возбудлив, шармантен, современ и хајтек. Тој треба да гази по стапките на концептното купе, суперавтомобилот Citroen GT.
И додека пристапот кон освојување на срцата на публиката е идентичен она што се сокрива под модерниот дизајн е различно. Survolt вози на електричен погон, место класичен мотор кој подеднакво му ветува спортски перформанси.
Сеуште не се говори за техничките карактеристики, но затоа се истакнува дека динамичките карактеристики, задоволството во возење, возбудата и исклучителниот комфор заради ниското ниво на бучава нема да го остават рамнодушен секој што ќе седне зад волан на Survolt.
Сепак, станува збор за изложбен експонат кој е далеку од сериско производство. Но, без оглед на судбината на Survolt дизајнот маѓепсува и очите тешко се одвојуваат од него.
|