Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Citroen ви го претставува C3 Picasso
16.07.2008
citroen-c3-picasso.jpgТокму така, гамата на Picasso се проширува и оди во пониската класа каде сега на нишан се држат моделите како еден Renault Modus и нему слични.

Со неповторлив стил својствен само за Citroen, C3 Picasso е тука да внесе живост во класата во толкава мерка да предизвика завист кај своите лути ривали. Едноставно името кое асоцира на големиот уметник од добата на кубизмот кажува се.

Препознатливата предна маска изведена во два дела со огромен отвор за вшмукување на ладен воздух, големите светла и огромното предно стакло го носат печатот на новата генерација на автомобили на Citroen. А надуваните арки над тркалата, високо позиционираните задни светла и неизбежните шини на кровот, заедно со новите леснометални бандажи и А – носачите кои наликуваат на C4 Picаsso го комплетираат автомобилот кого во годините што доаѓаат ќе го препознаваме како Citroen C3 Picasso.

Новиот малечок Picasso во должина мери околу 4 метри, широк е 1.73, а висок е 1.63 метри и нуди неверојатно многу простор, барем така велат во Citroen, каде комфорно можат да се превезуваат пет возрасни патници и нивниот комплетен багаж бидејќи багажникот има волумен од неверојатни 500 литри и е најголем во класата.

Варијабилноста ја дополнува задната клупа која може да се мести по должина оставајќи им на патниците одзади дополнителни 150 mm простор за нозе. За да не се чувствуваат клаустрофобично тука е големото панорамско стакло, кое исто така е најголемо во класата.

Основата на C3 Picasso е платформа врз која веќе е поставен Peugeot 207, а понатаму ќе ја користи и наследникот на C3. Моторната понуда внесува новини во класата бидејќи под хаубата ќе работата бензинците развиени во соработка со BMW, 1.4 и 1.6 VTi со 95 и 120 коњски сили, а тука е и неизбежниот дизел HDi од 1.6 литри со 90 и 110 коњски сили.

Секако треба да се очекува моторната понуда да биде проширена. Но, дополнителни информации ќе следат по светската премиера на салонот во Париз во октомври годинава.

Продажбата треба да стартува на почетокот од 2009, а почетната цена за C3 Picasso се очекува да биде некаде околу 11.000 европски банкноти.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook