kia-ceed-1-2012-1
Kia го открива новиот Cee`d

По првиот официјален фотос од минатата седмица Kia целосно го открива својот нов играч во компактната класа

 
Get Adobe Flash player
Civic Type-R со дизел
23.10.2007
civic-type-r-closeHonda Civic како и сите автомобили од компактната класа доаѓа и со дизел кој остварува пристојни 140 КС од 2.2 литри зафатнина и максимален вртежен момент од 340 Nm.

Ова е просекот на класата, но нејзините ривали како VW Golf, Renault Megane и Toyota Auris се достапни и со дизелски енергани кои остваруваат некаде околу 170 коњски сили.

За да ги стигне своите ривали Honda подготвува многу помоќна верзија на својот 2.2 литарски CDTi.

Главниот инженер за мотори на Honda, Кеничи Нагахиро откри дека на пат е Civic Type-R задвижуван од дизел. „Кога станува збор за името Type-R ќе направиме се што е во наша можност,” изјавил Нагахиро. „Постигнувањето на висок број на вртежи е заштитниот знак на Type-R и сега работиме токму на таа проблематика.”

Инженерите на Type-R се надеваат дека ќе остварат моќност од близу 180 коњски сили и максимален вртежен момент од за еден компакт брутални 430 Nm.

 

 

 

Facebook