Корените на автомобилот датираат од 1960. кога со
поддршка на Керол Шелби беа изработени само шест автомобили на основата на AC
Cobra, а еден од нив му припаѓаше токму нему.
Лимитираната серија беше веднаш распродадена, а
единствениот примерок што го задржа Шелби седеше во неговата гаража се до 1999
кога големиот творец на автомобилски икони одлучи да го продаде.
Сеќавањето на овој исклучителен автомобил ги натера
инженерите во Shelby Automobiles да го оживеат и да
му го вратат назад како поклон на неговиот творец.
Така автомобилот наречен Superperformance
Shelby Cobra Daytona повторно се враќа во рацете на Шелби. Обоен сино и
обележан со стартниот број 98 истиот што стоеше на оригиналот од шеесетите кого
Шелби го чуваше во својата гаража пред да го продаде.
Секако поради времето од кое доаѓа новата Cobra
Daytona со себе носи компоненти што не беа замисливи во `60. Моќноста доаѓа од 7.0
литарски V8 кој е дело на тјунерската куќа Roush и
остварува моќност од 480 коњски сили и максимален вртежен момент од 698 Nm кои до
задните тркала се пренесуваат преку секвенцијален менувач врзан со
самоблокирачки диференцијал BTR-Dana HydraTrac.
За да се поддржи сето оваа снага и да се обезбедат
перформанси соодветни за на тркачка патека вградена е независна суспензија и
напред и назад со Bilstein амортизери и спирални пружини од H&R.
Cobra Daytona лежи на леснометални бандажи од 18
инчи кои со својот дизајн потсетуваат на минатото, a кабината и
тркачките кади се преслечени со алкантара.
|