citroen-c4-aircross-1-2012-1
Citroen C4 Aircross е на праг

Citroen ја проширува својата гама со кросоверот С4 Aircorss чија светска премиера ќе се случи на салонот во Женева

 
Get Adobe Flash player
Cоntinental ја прави најбрзата гума на светот
04.07.2007
contisportvmaxГерманскиот гумар Continental официјално стана производител на најбрзата сериска гума на светото и влезе во Гинисовата книга на рекодри со максимална брзина од 388 km/h.

Резултатот е постигнат со модификуван Porsche 9ff сопственост на Јан Фетхауер кој води сопствена компанија за преработка на Porsche. Воедно моделот е и сопственик на светскиот рекорд за најбрз уличен тркач.

Станува збор за гума ContiSportContact Vmax која е дизајнирана специјално да ги издржи напрегањата при возење со висока брзина, силни забрзувања, сопирања и напрегања во свијок.

Приоритет при нејзиното конструирање беше ефикасно ладење и задржување на одличната управливост и добра тракција на мокро.

Јан Фетхауер со помош на ContiSportContact Vmax постави и нов светски рекорд за најбрз кабриолет с максимална брзина од 380,5 km/h.

Секако сите знаат дека Bugatti Veyron може да достигне 407 km/h, но според правилата ова не е официјален рекорд. Porsche во случајов може да го симне Veyron од тронот бидејќи новиот GT9 од 9ff според тјунерот е способен за максимална брзина од 409 km/h резултат подобар од оној на Bugatti за 2 km/h. 

 

 

 

Facebook