Get Adobe Flash player
Corvette: Специјална серија Рон Фелоус
20.04.2007
cfrontCorvette е машина за која сонуваат милиони ентузијасти ширум светот. Но, оваа верзија на американската „muscle car” легенда е направена со желба да биде уште попосакувана.

За да го одбележи мноштвото победи во американската серија на Леман, Corvette се реши да направи специјална изведба за своето суперспортско купе. Ниту името не е избрано случајно и гласи: Z06 Ron Fellows Edition. Крстена е во чест на Канадскиот возач кој досега со Corvette има освоено шест конструкторски титули во ALMS.

Z06 Ron Fellows Edition доаѓа обоена во бело со црвени ленти на крилата кои го носат неговиот потпис. Под ламарината работи познатиот V8 со 505 коњски сили од стандардниот Z06, кој го лансира автомобилот до 100 km/h за 3,9 секунди.

Шлагот доаѓа на крај. Колекционерите ќе лудуваат по овој автомобил бидејќи во Corvette најавија дека ќе биде произведен во лимитирана серија од само 399 единици. Цената права ситница околу 70.000 долари во САД.

 

 

 

 

Facebook