Get Adobe Flash player
Corvette Z03 со 750 КС
21.02.2008
corvette-z03-concept-1.jpgДизајнерот од Холандија, Угур Сахин, планира започне со производство на својот восхитувачки концепт наречен Corvette Z03. Автомобилот малку потсеќа на Vendenbrink GTO, но ќе биде многу поевтин.

Причината за ова е пониската цена на оригиналната Corvette Z06 на која се базира Z03, во однос на еден Ferrari 599 GTB Fiorano на чија основа е поставен Vendenbrink GTO.

Одличните резултати што Corvette Z06 ги постигнува на тркачките патеки се одлична препорака за потенцијалните клиенти на Ugur Sahir Design.

Концептот Z03 го краси значително изменета каросерија во однос на оригиналот, плус тука е комплетно сменетиот ентериер, а измени претрпува и моторот.

Моторот на Corvette по завршување на тјунерските зафати ќе располага со моќни 750 коњски сили. Но, ова е врвната спецификација. Плнот е да се понуди распон на снага од 500 до 750 коњски сили за да се задоволат различните желби на купувачите.

Со користење на хајтек материјали тежината на автомобилот не би требало да мине преку 1.375 килограми што е за околу 25 килограми полесно отколку сериската Corvette Z06.

За да се сочува ексклузивноста Угур Сахин планира лимитирана серија од само 100 автомобили и очекува голема побарувачка. Целосната спецификација и деталите околу автомобилот ќе бидат објавени кон крајот на март.

Интересно е што Сахин за овој проект успеал да привлече неколку партнери што ќе помогнат во развојот, а меѓу нив е и поранешниот главен инженер на Corvette, Дејв Меклелан кој ќе се погрижи Z03 да вози подеднакво добро како што изгледа.


 

 

 

Facebook