Get Adobe Flash player
CrossGolf шизик за на асфалт
10.03.2010

Volkswagen го проширува семејството на Golf на вкупно шест различни верзии кои покрај стандардниот Golf ги опфаќаат Golf Plus, Golf Variant, Golf GTI, најмоќниот Golf на сите времиња Golf R и сега CrossGolf.

volkswagen-cross-golf-2010-1

Како и CrossPolo и CrossGolf во суштина претставува напумпана верзија на оригиналот. Ликот на теренец е добиен со заштитната црна пластика на арките над тркалата и праговите и повисоко растојание од подлогата.

Меѓутоа за разлика од CrossPolo, CrossGolf е поставен на основата на Golf Plus, не на обичниот Golf. Моторите, менувачите и погонот се наследени од матичниот модел.

Тоа значи дека под хаубата работат турбо бензинци и турбо дизели со распон на моќност од 105 до 160 КС. Стандардно на располагање се мануелни менувачи со шест степени на пренос, а како опција стои DSG менувачот со две спојки и седум степени на пренос.

Главните дизајнерски елементи кои го прават CrossGolf различен од Golf Plus се новиот преден браник со поголем отвор за довод на воздух и централен дел од алуминиум кој продолжува во заштита на моторот.

Нов е и задниот браник каој како предниот носи две бои, бојата на каросеријата горе и боја на антрацит долу и центрaлен дел од алуминиум. Антрацит црната пластика како што наведовме се наоѓа и на арките од тркалатa и на праговите.

Надворешните ретровизори се обоени во сребрена боја, а како дел од сериската опрема доаѓаат и 17 инчни леснометални бандажи. Со доплата CrossGolf може да се опреми со биксенон предни светла, кожен ентериер, камера за поглед назад и системот за асистенција при паркирање на Volkswagen или Park Assist.

 

 

 

Facebook