|
Dacia ја дава првата официјална информација за првиот SUV во историјата на компанијата за кого веќе се знае дека ќе го носи името Duster кого во Европа со нетрпение го очекуваат.

Причината лежи во добрата медиумска кампања, пред се шампионатот Андрос Трофи и фактот дека за во Западна Европа Duster ќе се продава под беџот на Renault, додека беџот на Dacia останува за пазарите во Источна европа и на Блискиот Исток.
Интересно е дека со Duster, Dacia почнува да се шири. Имено во 2011 покрај во погоните во Романија, Duster ќе се произведува и во Русија во погоните на фабриката Avtoframos.
Duster со своите димензии влегува точно во сегментот на модерните кросовери како што е најавениот Mitsubishi RVR, но и Nissan Qazana и во должина мери 4.310 mm, а во широчина 1.820 mm.
Dacia Duster се нуди во две верзии со погон напред и со погон на четири тркала. Инженерите велат дека подвозјето и трансмисијата се подготвени да се носат и со потежок терен во однос на своите конкуренти.
За ова говори и големиот клиренс од преку 200 mm, алголот на пристап од 30 степени и аголот на напуштање од преку 35 степени. Duster е релативно лесно возило со тежина од 1.180 kg за верзијата 4х2 и 1.280 kg за верзијата 4х4.
Токму ниската тежина на празно возило и компактните пропорции треба да обезбедат агилност во однос на возните карактеристики и на пат и на терен. Дополнително верзијата 4х4 нуди два модуси на работа Auto и Lock.
Со помош на електромагнетскиот конвертор на вртежен момент кого го испорачува Nissan, Duster во Auto модусот овозможува испорака на снагата само на предните тркала во нормални услови на возење, додека во услови на пониско ниво на тракција снагата се пренесува и до задните тркала.
Пренесувањето на снагата на задната оска оди до 50% во екстремни услови. Преносот на снагата во модусот Lock кога електромагнетскиот конвертор се заклучува секогаш е во сооднос 50:50 предна-задна оска и се препорачува кога се вози на снег, кал, чакал, песок при ниски брзини.
Под хаубата на Duster ќе работата два мотори. Првиот е бензинецот од 1.6 литри со 110 КС, а вториот е турбо дизелот 1.5 dCi со 85 и со 105 КС. Моторите се познати од останатите модели на Renault, но и на Dacia, односно Logan на чија платформа е поставен и Duster.
Duster на европските пазари пристигнува на пролет идната година и како што беше најавено стартува со цена од 11.000 евра со гаранција од 3 години или 100.000 километри.
|