|
16.03.2009 |
Сериската верзија на концептот на Dacia, Duster,
претставен на салонот во Женева, ќе ја доживее светската премиера за точно една
година од сега повторно на салонот во Женева.
Веднаш по премиерното претставување Duster ќе се
појави и на пазарот. Од Dacia најавуваат дека првите примероци на Duster ќе им
бидат испорачани на купувачите на пролет 2010.
Одговорните дополнително потврдуваат дека и сериската
верзија на првиот SUV на Dacia ќе има нестандардни седишта кои ќе можат да се
разместуваат во различни конфигурации.
Duster ќе се нуди во две верзии. Основната со погон на предни
тркала и верзија со погон на четири тркала. Менувачот и кај двете верзии ќе
биде мануелен со шест степени на пренос, а во иднина ќе се вградува и
автоматик.
Под хаубата на почеток ќе работи дизелот на Renault, 1.5 dCi со моќност
од 105 коњски сили исто како и кај концептот, но понатаму понудата ќе биде
проширена со бензинецот 1.6 со 110 коњски сили и со 2.0 литарскиот dCi со моќност
од 150 КС и 170 коњски сили.
Интересно е што и Dacia учествува
во финансирањето на развојот на Duster.
Романската филијала на Renault според
извештајот учествува со 10 милиони евра во вкупната сума од 100 милиони евра
потребни за развој на сериската верзија на Duster.
|