|
10.01.2012 |
|
Преку објавување на две официјални фотографии Dacia одлучи да го најави новиот модел во својата понуда. Станува забор за семејниот миниван Lodgy кој има димензии на Renault Grand Scenic.

Dacia освен фотографиите не открива ништо за Lodgy. Она што го кажува е дека во должина ванот мери 4,5 метри што е на ниво на Renault Grand Scenic и дека комерцијализацијата стартува годинава.
Името доаѓа како дериват од англискиот збор „Lodge” што во слободен превод значи дом и ја одразува главната карактеристика на Lodgy, односно неговата способност да го здоми целото семејство заедно со багажот.
Претходно откривме дека Lodgy ќе нуди седум места за седење, а под хауба покрај постоечкиот 1.6 литарски бензинец и 1.5 литарски дизел dCi ќе го пакува и новиот турбо бензинец на Renault, TCE кој од зафатнина од 1.4 литри извлекува 130 КС.
Dacia Lodgy ќе ја доживее светската премиера на салонот во Женева, меѓутоа кога точно стартуваат продажбите не се знае. Сепак, радува податокот дека Dacia за Lodgy ќе нуди три години гаранција.
|