Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Dacia за природата
22.03.2010

За да се зачува природата и намалат штетните гасови Dacia преку застапникот во Македонија почнува акција, Dacia за природата, за отстранување на старите возила од патиштата на нашата држава.

dacia-za-prirodata-2010-1

Во оваа насока Automotive Group се покажува како општествено свесна компанија која се грижи за природата и преку промовирање на оваа кампања сака да помогне да се отстранат старите автомобили од патиштата.

Принципот е едноставен секој којшто има возило кое е во возна состојба и уредно регистрирано и за кое смета дека има есап да го оттуѓи за вредност од 1.600 евра го остава во продажните салони на Dacia и за наведената сума добива попуст при набавка на нов Sandero.

Екоакцијата Dacia за природата се остварува со поддршка на компанијата МАКСТИЛ/Дуферко која ќе ги рециклира старите автомобили, невладината организација BELLS - балканска организација за заштита на природата и на животната средина, FUEL - невладина организација за горива, мазива и за мотори, а поддршка за акцијата изразува и проф. д-р Миле Димитровски од лабораторијата за мотори при Машинскиот факултет во Скопје

Проф. Миле Димитровски, кој е воедно и претседател на Комисијата за следење и примена на научните достигнувања од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, при Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, истакнува дека главни прашања на денешницата за опстанок се:

- да се зачуваат ресурсите преку рециклирање на производите

- да се обезбеди здрава и чиста околина за живот преку помало загадување

- да се намалат емисиите заради заштита од глобалното затоплување.

Програмата што ја нуди Dacia според него во целост е во согласност со овие глобални принципи. Програмата во исто време гарантира справување со сите отпадни материјали и флуиди, од откупеното старо возило, на осмислен организиран начин и регулирана постапка.

„Ако програмата КРШ за НОВО, во Соединетите Американски Држави и во Германија беше поттик за опстанокот на автомобилската индустрија, тогаш програмата КРШ за НОВО и во Македонија ќе придонесе за организирано справување со старите возила (рециклирање), обезбедување почист воздух и за намалување на глобалното затоплување. Сите овие мерки се добредојдени за приближување на Македонија кон принципите и начинот на работа во ЕУ,” вели Димитровски.

Воедно, треба да се напомене дека Sandero кој е опфатен со акцијата ги задоволува нормите Euro 5, a дополнителниот знак Eco2 кој се наоѓа на возилата на Dacia наведува дека тие се произведуваат во согласност со европските норми и неговото значење е дека:

- се води посебна грижа за елиминирање на CO2 од издувните гасови и се со помала емисија на јаглероден диоксид под 180 g/km

- сите возила се произведуваат во фабрики што се сертифицирани со ISO 14001 (стандард за зачувување на животната средина)

- може да се рециклираат 95% од возилото по неговиот животен век, за понатамошно користење на материјалите

- во сите возила 8% од пластиките се од веќе рециклирани материјали

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook