|
23.12.2011 |
|
Германскиот гигант, концернот Daimler, којшто поседува дури десет марки меѓу кои е се наоѓа и Mercedes-Benz бара инвеститор од Кина кој што би купил од 5% до 10% од акциите на концернот.

Работата е во напредна фаза и според финансискиот директор на Daimler, Бодо Убер, веќе е најден инвестициски посредник којшто треба да ги задвижи нештата во поглед на пронаоѓање на соодветен инвеститор.
На врвот на списокот од потенцијалните инвеститори се наоѓа кинескиот фонд China Investment Corp., но од таму не даваат никаков коментар за можната зделка исто како и германците.
Шефот на Daimler, Дитер Цетче уште во месец јули најави дека концернот се надева на сериозна инвестиција од кинеска компанија, но отфрли секаква можност за продавање на поголем пакет на акции кои би условиле превземање на контрола над Daimler.
Еден ваков потег му е потребен на Daimler бидејќи според проценки на експертите Кина набрзо ќе ја надмине Германија и ќе стане вториот пазар на светот по продажба на луксузни марки. Секако САД уште долго ќе остане на прво место.
|