Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Daimler и кинескиот BYD во сојуз
29.05.2010

Не станува збор за нова алијанса во автомобилската индустрија туку за договор за соработка меѓу германскиот Daimler и кинескиот BYD за заеднички развој и производство на електромобили.

byd-e6-2010-1

Според договорот постигнат меѓу Daimler и BYD двете компании ќе инвестираат по 44 милиони долари во развојот на автомобил задвижуван од електромотор којшто ќе се произведува под новооформена марка и ново име.

Кинескиот BYD веќе го најави Е6, првиот електромобил на светот којшто ќе се произведува сериски, а стартот на производството е закажан за во текот на годината како и продажбата на пазарот во САД.

Соработката со BYD на Daimler ќе му помогне побрзо да го совлада развојниот пат на електромобилот до производ спремен за серија и со тоа на време да му се спротивстави на BMW и нeговиот Megacity.

Иако Daimler веќе има потпишано договор за соработка уште еден кинески производител на автомобили Brilliance China Automotive Holdings тоа не го спречува да ја продлабочува соработката со кинески партнери.

Покрај производството на сосема нов електромобил под нова марка и име Daimler планира со технологијата на BYD да ја опреми и својата Mercedes А Класа.

Па така околу 500 примероци на електрична А Класа ќе бидат произведени уште годинава заради испитување, по што ќе се одлучи дали електромобил од А Класа ќе стартува со сериско производство, или пак, ќе се чека на новајлијата.

Производството на овие автомобили ќе се одвива во погоните на BYD во Кина, а од Daimler најавуваат дека таму за околу две години ќе стартува и производството на електричен автомобил на Smart.

И кога веќе ги спомнавме Mercedes и BMW и нивните планови за електромобили треба да се нагласи дека и третиот германски премиум производител има намера за околу две години на пазарот да го пушти електричниот Audi A2.
 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook