Get Adobe Flash player
Дали е ова нова Серија 1 на BMW?
24.06.2010

Компјутерски генерираниот лик на новата генерација на Серија 1 на BMW го обиколи светот навестувајќи дека токму ваќа ќе личи наследникот на најмалиот модел на производителот од Минхен.

bmw-serija-1-2012-1

Наводно фотографијата е изработена според напатствија на човек кој веќе имал прилика да го види моделот на цртачките табли во одделот за дизајн на BMW. Сепак, дури и да е вистина ќе измине уште многу време пред дизајнерите да се одлучат за конечната варијанта за дизајнот на новата Серија 1.

Време има пред се затоа што од BMW и официјално најавија дека наследникот, поточно втората генерација на Серија 1 ќе пристигне дури во 2012. За се друго врзано со новата Серија 1 од Минхен молчат.

Ако се суди според фотографијата новата Серија 1 ќе има поголемо меѓусокино растојание, покуси превиси и напред и назад и понакосено предно и задно стакло, но ова е техничкиот дел.

Евидентно е дека новата Серија 1 ќе има значително помускулесто тело со  поиспакнати крила и арки над тркалата, нагласени раменици и широк појас во подножјето на стаклата.

Предницата со својот агресивен дизајн делува како надополнување на остатокот од каросеријата нагласувајќи ги спортските гени на новиот уште полут и попривлечен модел на Серија 1.

 

 

 

Facebook