Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Дали конечно Lada Niva ќе добие наследник
18.03.2008
lada-niva-1.jpgРускиот производител AvtoVaz или насекаде познат под името Lada, планира создавање на нов компактен теренец или SUV кој би требало да ја замени веќе историската Niva.

Иако во Lada планираат наскоро да го претстават новиот бизнис план за компанијата кој ќе важи од 2009 до 2012, сепак нема никакви подробни информации за идниот теренец. Всушност првите подетални информации би требало да пристигнат до карјот на годината, но тука не е вклучено и појавување на моделот.

Останатиот дел од новиот бизнис план на Lada вклучува и објавување на детали за други модели кои би требало да се појават во наведениот период од три години. Во моментов главната цел на Lada е да произведува 1.2 милиони возила годишнодо 2012 и 1.5 милиони годишно до 2015.

Што се однесува до наследникот на Niva во игра се две варијанти. Да се модернизира веќе постоечката платформа со помош на новиот соственик Renault или одново да се развие нова платформа со погон на четири тркала врз која би можеле да бидат поставни и други модели.

Renault нема таква платформа во својата програма. Неговиот SUV, Koleos е поставен на платформата на Nissan X-Trail, додека во меѓу време се разработува варијанта за евентуално производство на Logan 4x4. Доколку ова е точно не е исклучено идниот SUV на Logan и на Lada да бидат близнаци поставени на иста платформа.
 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook