Делото прикажано на цртежите е модерна верзија на една
италијанска икона која се обидува да се врати на голема врата во светот на
супер спортски автомобили и да го оживее малку подзаборавеното име.
Погодувате станува збор за реинкарнација на популарната и
озлогласена De Tomaso Pantera. Но, во случајов
автомобилот се нарекува само Pantera и нема ништо слично со спортистот кој за време на своето
постоење повеќе време минуваше во сервис отколку на улица.
Проблематичната Pantera го доведе De
Tomaso до банкрот, но за разлика од својата претхоничка новава е сосем поинаква.
Под прекрасно обликуваната каросерија се сокрива шасијата и механиката на Lamborghini
Gallardo што значи дека погонот на задни тркала е напуштен и дека сега Pantera наместо
американски V8 носи германски V10 со 520 коњси сили
и погон на четири тркала.
Дизајнот е дело на германскиот стилист Стефа Шулц и
според него идејата е на љубителите на супер спортски автомобили да им се пoнуди
нешто сосема поинакво. Односно со купување на еден спортски автомобил кој ќе
биде донатор – во случајов Lamborghini Gallardo – и вложување на
малку повеќе средства да се добие уникатен или редок автомобил.
Сепак, овој автомобил нема ништо со оригиналната De
Tomaso Pantera која беше неуспешен обид да се соединат италијански
дизајн и конструкција со мотор од американски Musle Car. Срцето на
Рantera беше 5.8 литарски V8 со 330
коњски сили на Ford. Производството стартуваше во 1970 и траеше околу 20
години.
На Pantera и пресуди лошиот квалитет за кого е поврзана и една
анегдота со кралот на рокенролот Елвис Присли, кој неможејќи да го стартува проблематичниот
автомобил едно утро се изнервирал, отишол дома и се вратил со револвер. Испукал
шест куршуми во него и наредил под итно да се фрли во отпад.
|