|
21.06.2007 |
Кинеската лимузина Brilliance заработе само една од пет ѕвезди на краш-тестот на EuroNCAP. Производителот сега ќе ја подобрува безбедноста. Повлекување од европскиот пазар не се спомнува.
По слабите резултати на Brilliance BS6 на краш-тестот производителот сега ќе соработува со автомобилскиот клуб ADAC на подобрување на безбедноста на возилото.
„Се разбира дека не сме задоволни со резултатот од краш-тестот”, изјавуваат од увозникот за Европа, HSO Motors Europe. „Brilliance дојде во Европа да учи и да постигне европско ниво на подолг рок”.
|