Get Adobe Flash player
Degussa го победи отпорот при тркалање
06.06.2007
reifenХемиското претпријатие Degussa разви хемикалија со која се намалува отпорот при тркалање на гумите. Со тоа може да се спушти потрошувачката на гориво и емисијата на СО2.


Хемикалијата се меша во гумата при изработката и со неа отпорот при тркалање според тврдењето од производителот се намалува за десетина проценти. На тој начин може да се постигне заштеда во потрошувачката меѓу три и осум проценти. По фазата на тестирање, Degussa смета дека првите гуми со новата хемикалија ќе се појават на пазарот напролет во 2008 година.
 

Поврзани статии

 

 

Facebook