|
Иако според насловот може да се заклучи дека станува збор за некој нов проект кој доаѓа од Италија сепак не е така. Delahaye Bella Figura 57S е чист американски производ кој доаѓа од источниот брег.

Малата команија Delahaye од Њуџерси не сокрива дека дизајнот на Bella Figura Type 57S Coupe, како што гласи полното име е директно инспирирано од Bugatti Type 57S спортско-луксузно купе од 1930-те и 1940-те години.
За шасијата и каросеријата на Bella Figura Type 57S Coupe обилно се користени алуминиум и карбон-фибер. Иако ликот е како од пред безмалку 100 години вградена е современа технологија позната од денешните автомобили.
Тука се ABS со EBD и ESP, прогресивно серво управување, електрика на стакла, мултимедијален систем, автоматски клима уред. Тука е и луксузното уредување на кабината со кожа и алкантара, но оставено е да избира сопственикот.
Интересно е што сопственикот ги избира и моторот и трансмисијата доколку сака да ја купи Bella Figur Type 57S Coupe наполно функционална. Во Delahaye можат да ја испорачаат и без мотор и трансмисија, но и како кит.
Па така ентузијастички настроените клиенти ќе можат сами да ја склопуваат. Цената зависи од барањата на клиентот. Комплетен продукт чини од 190.000 долари, а ако финишто е полиран алуминиум од 240.000 долари.
Истакнати се и цените на компонентите и можат да се видат на следниот линк.
|