|
05.11.2007 |
Иако станува збор за првата генерација на малечкото на Renault, Twingo
веста која дојде од Западна Германија е совршена реклама за пространоста на
автомобилот кој што туку го доби наследник.
Имено, германската полиција за сообраќај за време на една
рутинска контрола запрела и казнила десет луѓе кои се напикале во малиот Renault
Twingo.
Според полицијата во автомобилот успеале да се
стуткаат тројца возрасни и седум деца кои кинисале на некој детски роденден.
Ниту еден патник во автомобилот не бил врзан со безбедносен ремен, а во
кабината немало ниту седиште за деца.
Згора возачот – 29 годишна жена - ја заборавил
возачката дозвола дома, а вкупната казна за цела низа на прекршоци изнесувала
400 евра.
|