|
04.07.2007 |
Неодамна директорот на Alfa Romeo, Антонио
Бравале изнесе повеќе детаљи за два нови модели кои веќе се во фаза на развој.
Се работи за компакти со три врати и со пет врати.
Првиот автомобил е замена за 147 кој ќе ја
напушти практиката со нумерирање на моделите и ќе го носи името Junior. Официјално претставување не се очекува ред крајот на
годината, а дотогаш идејата за неговиот лик ја дава оваа фотографија која ги
прикажува насоките во кои се движат дизајнерските идеји за Alfa
Junior.
Новиот модел ќе се произведува во фабриката на Fiat,
Mrafiori во Торино заедно со Grande Punto со кого ја дели платформата.
Основниот модел ќе го носи 1.4 литарскиот турбо, додека врвот на понудата ќе
биде исто така четирицилиндричен турбо JTB со директно
вризгување кој од 1.8 литри ќе истискува моќни 230 КС.
Олкава дупка во понудата
се очекува да биде пополнета со останати мотори од програмата на Fiat.
Вториот модел ќе биде уште еден компакт, но сега со пет
врати и ќе стои на платформата на Barvo со мотори што
нудат моќност од 120 до 260 коњски сили. Неговото појавување е предвидено за
2009.
Исто така во 2009 се очекува адмиралски брод од Alfa со оанака
169. Овој модел ќе користи технологија од Maserati
Qattroporte и во носот ќе носи моќен V8. Со овој
модел Alfa Romeo се подготвува за настап на американскиот пазар.
|