|
04.07.2007 |
Британецот кој уништи Bugatti Veyron сопственост
на неговиoт брат се соочи со впишување 9 казнени поени во возачката
дозвола, три помалку од максимумот за одземање и казна од 400
фунти.
Но, се сомневаме дека казната что ја добил од својот брат
за уништување на скапоцениот автомобил била многу поголема.
Зад воланот на уништениот Veyron седел
Ејџеј Сони, помалиот брат на Кумар Сони кој го добил автомобилот неколку
седмици прет несреќата и го изпразнил својот џеб за тоа задоволство за 830.000
фунти или нечто повеќе од 1.200.000 евра.
Откако ја загубил контролата на мокриот асфалт залетаниот
Veyron, според очевидци удрил во Opel Astra управувана
од трудна жена која била во седми месец и се свртел три пати судирајќи се со
дрвата од спротивната страна на патот.
Според неговиот адвокат Сони признал дека силно стиснал
на педалот за гас и изгубил контрола поради лошото време и мокриот асфалт кого
го обвинил за делумен соучесник во несреќата.
На овие две фотографии може да се види читко неговиот
макотрпен ангажман.
|