|
Иако носи италијански призвук во името луксузната лимузина DiMora Natalia ниту од далеку нема допирни точки со Италија. Станува збор за американска екстраваганција по баснословна цена.

DiMora Natalia е дело на компанијата сместена во Палм Спрингс, Калифорнија зад која стои милијардерот Алфред Ј. Димора и претставува луксузен брод на четири тркала кој во секој поглед ќе надминува и една автомобилска величина како што е Bugatti.
Спортската лимузина ќе се произведува рачно исклучиво по нарачка заради што нема определување, ниту пак, ограничување во продукцијата. Според проценките на Димора, Natalia SLS 2 како што гласи полното име би чинела 2 милиони долари или околу 1.5 милиони евра.
Проектот Natalia на DiMora Natalia SLS 2 стартуваше уште во 2006, но требаше да изоди долг и трнлив пат пред да дојде до ниво на готов производ кој ќе стои во понудата на компанијата. Според Димора, Natalia наскоро пристигнува на пазар.
Доказ е неодамнешниот договор постигнат меѓу DiMora и специјалистот за сопирачки Brembo кој го конструираше и ќе го испорачува посбениот систем за сопирање на Natalia SLS 2. Воедно од компанијата се пофалија дека неодамна Natalia SLS 2 била изложена на краштест и минала со позитивни оценки.
Под хаубата на DiMora Natalia SLS 2 ќе работи монструозниот мотор со зафатнина од 14 литри и моќност од 1.200 КС. Максималниот вртежен момент изнесува камионски 1.219 Nm и се пренесува до сите четири тркала.
Типот на менувачот за сега останува тајна, но затоа се знае дека DiMora Natalia SLS 2 лебди на воздушна суспензија и покрај погонот има и управување на сите четири тркала пред се заради полесно спровирање низ градските улици.
Кабината нуди предни седишта кои се свртуваат кон назад и заедно со масата која стои пред задните седишта формираат работна просторија. Дел од светот на DiMora Natalia SLS 2 се и интернет конекција, телевизија, мултимедијален систем, бар со ладилник и кабинет за чаши кој моќе да се разладува или загрева.
Интересен момент е и лакот на DiMora Natalia SLS 2 кој ја менува бојата во зависност од температурата. Кога е жешко Natalia е целосно бела, додека зиме е црна или темно сина.
Кога точно DiMora Natalia SLS 2 ќе пристигне на пазарот не се знае, но затоа доколку навистина се случи тоа светот ќе добие една нова сорта автомобил.
|