Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Дизајнерска екскурзија на тема BMW Серија 8
27.12.2011

Се чини дека производителот од Минхен и неговите автомобили се постојана иснпирација за дизајнерските ентузијасти ширум светот. Најновото видување на тема BMW доаѓа од Турција.

bmw-860-csi-ismet-cevik-1-2011-1

Дизајнерот Исмет Чевик успеал да скори автомобил кој нуди измешани визуелни доживување бидејќи воедно е и моќен и елегантен и претставува модерна реинкарнација на знаменосецот на BMW со две врати од 1990-те.

Вистинските љубители на BMW се надеваат дека одговорните во Минхен еден ден ќе ја вратат на пат непрежалената Серија 8 како врвно достигнување на технологијата скорена во срцето на Баварија.

Секако овие цртежи направени од Чевик можат само да им бидат од полза на Баварците кои и бездруго се залетале да го пополнат секој сегмент на пазарот во борбата за првото место меѓу премиум марките.

Што се однесува до Чевик се надеваме дека неговата креација нема да мине не забележана и дека еден ден неговото име ќе стои зад некои од најголемите автомобилски креации.

bmw-860-csi-ismet-cevik-2-2011-1

„Серијата 8 на BMW е најреалниот конкурент на Mercedes CL, а зошто да не и на Bentley Continental GT,” вели Чевик.

„Според мене серијата 6 неможе да се споредува со купето на Mercedes, CL. Затоа и во мојот проект одам подалеку и во дизајнот применувам елементи од Rolls Royce и од Bentley,” објаснува Чевик.

„Сепак, едно е сигурно. Безусловно купето на серијата 8 на BMW e легенда на 1990-те, машина од висока класа, подеднакво луксузна и спортска, но пред се моќна. Затоа верувам дека и новата „осумка” може да стане легенда,” ги наведува Исмет Чевик елементите земени предвид при креирање на автомобилот.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook