Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Дизајнерски идеи за 2028
21.07.2008
vw-ego-koncept-2028-1.jpgVolkswagen лансираше микро интернет страница каде преку три концептни автомобили ги прикажува своите идеи за како би изгледале нивните возила наменети за иднината.

Една видео презентација ги носи посетителите во проекција која ја прикажува можната слика за иднината, односно како би изгледало да се живее во 2028 и ги опишува различните концепти на возила кои според Volkswagen ќе бидат дел од секојдневието.

Прикажани се три различни концепти: One, Ego и Room. Секој од овие концепти е создаден за да влезе во посебен сегмент. Така потенцијалните купувачи добиваат поголем избор за начинот на кој би сакале да се превезуваат.

One е патничко возило наменето само за еден човек. Концептот Ego е замислен како спортски двосед, додека Room – соба, просторија и самото име кажува дека е создаден како фамилијарно возило.

Технологијата што работи под футуристички дизајнираната каросерија кај трите модели вклучува технологии со кои е овозможено возење со нула емисија на издувни гасови, систем кој прикажува какво светло свети на семафорот – кого физички ќе го нема на улица туку информацијата доаѓа како сигнал од централен оператор.

Понатаму тука се системите кои нудат холографски интерфејс, системи кои гарантираат апсолутно безбедност на улиците без можност да се случи несреќа и системи кои обезбедуваат самостојно движење без интервенции од страна на возачот.

За подетални информации за се што ќе се случува во 2028 ќе ве препуштиме на микро интернет страницата на Volkswagen.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook