Get Adobe Flash player
Дизел за R8
18.06.2007
r8dieselAudi го подготвува првиот суперспортски автомобил на светот со дизел во чест на втората едно по друго победа со R10 TDI на 24 часовната трка на издржливост во Леман.

R8 е планиран за крајот од година и ќе го носи новиот 4.2 литарски V8 TDI кој веќе работи во Q7. Дизелот произведува 322 коњски сили и вртежен момент од 760 Nm. Но, најверојатно за R8 ќе биде навиен уште малку. Се очекуваат преку 350 КС и 800 Nm.

Закачен за, или шест степениот мануелен менувач на R8, или шест степениот R-Tronic, моќниот дизел преку погонот на четири тркала би требало да го забрзува суперспортистот за 5 секунди до стотка со максимална брзина од 260 km/h. И сето ова не би требало да чини повеќе од во просек 9,4 литри на 100 километри.

Ова е последниот мотор што ќе биде вграден во R8 пред доаѓањето на 5 литарскиот V10 TDI во текот на 2008.

 

 

 

Facebook