Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Дизелот извесен во Porsche Cayenne
17.06.2008
porsche-cayenne-1.jpgВградувањето на дизел мотор во Porsche само до пред неколку години се граничеше со фантастика. Но, сега работите се менуваат. Доволно за и во Цуфенхаузен да се смени политиката.

Изјавите на челниците во Porsche дека немаат намера да вметнат дизел  во својот производствен програм повеќе не важат. Строгите норми за емисија на издувни гасови во Европа и САД. Високите цени на горивото и падот на економијата на најголемиот пазар за Porsche, САД го натераа производителот на спортски автомобили во тесно.

Информациите велат дека Cayenne ќе биде првиот модел на Porsche во кого ќе се вградува дизел, а потврдата дојде во облик на шпијунските фотографии направени зимава за време на тестирање на моделот.

Во Porsche ќе користат модификувана верзија на познатиот турбодизел на Audi, V6 TDI со зафатнина од 3.0 литри. Доработениот мотор ќе испорачува 240 коњски сили, а продажбата стартува во март месец 2009.

Очекувањата велат дека дури 15.000 Cayenne дизел ќе стигнуваат до своите купувачи годишно, а цената стартува од 55.000 евра.

Големите очекувања во секторот за продажба на Porsche ги оправдуваат со високиот стајлинг и единствениот имиџ што ги нуди Cayenne, со прифатливата цена и ниската потрошувачка, во просек 9,9 литри дизел на 100 изминати километри.

Покрај добрата продажба Cayenne со дизел под хаубата ќе му помогне на Porsсhe да го намали просекот на емисија на издувни гасови на целата своја гама на возила со што ќе се намалат најавените високи даноци за пречекорување на нормата поставена од ЕУ.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook