Get Adobe Flash player
До нов Ford преку лизинг сo 0% камата
01.07.2010

Денес 1. јули стартува уште една кампања за како поволно да се стигне до нов автомобил. Кампањата е на Ми-Да Моторс застапникот на Ford во Македонија кој нуди лизинг со каматна стапка од 0%.

ford-salon-akcija-2010-1

Кампањата Ми-Да Моторс ја остварува со S-Leasing, релативно новата компанија на нашите простори која започна да работи кон крајот на минатата година. Двете компании одлучија на клиентите да им понудат нов лизинг со каматна стапка од 0% и месечна рата за отплата пониска од фамозните 100 евра.

Или преведно рата од 89 евра за Ford Fusion, рата од 98 евра за Ford Focus и рата од 90 евра за Ford Fiesta. Од Ми-Да Моторс не сокриваат дека причина за да се стартува со една ваква кампања лежи во лошата финансиска состојба на граѓаните на Македонија.

Директорот на Ми-Да Моторс, Дарко Димовски истакнува дека тие внимателно ги следат приликите во државата и дека причина, зошто граѓаните во Македонија се потешко и потешко се одлучуваат за нов автомобил, покрај лошата финансиска состојба е и понудат на лоши услови на финансирање.

Воедно Димовски не сокрива дека кампањата е директен одговор на увозот на користени автомобили. Токму заради ова Ми-Да Моторс и S-Leasing се надеваат дека со ваков начин на финансирање ќе успеат да докажат дека купувањето на нов автомобил е поисплатливо од купувањето на користен.

Конкретно за кампањата таа важи за возила кои се наоѓаат на лагер листата на Ми-Да Моторс: Ford Fiesta, Focus и Fusion и ќе се спроведува заклучно до 31 јули. Одредено е учество од минимални 20% од цената на нов автомобил, а периодот на отплаќање е до максимални 60 месеци или 5 години.

Каматната стапка на финансискиот лизинг е пресметана на 0% во првите три години, односно првите 36 месеци на отплатување. Така што доколку клиентот се одлучи да го отплатува автомобилот на 60 месеци за останатите 24 месеци ќе му биде засметана каматна стапка.

 

 

 

Facebook