|
Станува збор за првиот автомобил на BMW чив мотор ќе ги задвижува предните тркала. Моделот за сега го носи името Серија 0 како најмал модел на BMW, но малку е веројатно дека ќе го задржи.

Сепак искуството на експертите на производителот од Баварија е прeмногу големо за да го крстат на еден начин својот првенец Серија 0. Но, што ќе се случува со името веруваме дека ќе сознаваме етапно со приближување на автомобилот до верзија подготвена за сериско производство.
Серијата 0 на BMW ќе се нуди во две верзии со три и со пет врати и ќе биде главен конкурент на Audi A1. Во понудата стои и голема лепеза мотори кои веќе се среќаваат и во понудата на BMW и во понудата на Mini. Се зборува и за ново конструиран турбо дизел со три цилиндри и зафатнина од 1.5 литри кој на предната оска ќе испорачува здрави 160 КС.
Според информациите кои пристигнуваат од Минхен новиот мал автомбил со погон на предни тркала на пазарот ќе пристигне во 2012 и ќе биде поставен на платформа врз која ќе почива и новата генерација на Mini.
Дознавајќи за првиот BMW со погон на предни тркала љубителите на марката ширум светот почнаа да реагираат испраќајќи ги своите разочарувања до централата во Минхен.
Од таму побрзаа да ги смират љубителите на BMW ветувајќи дека без оглед на напуштањето на традиционалниот погон на задни тркала Серија 0 ќе биде вистински BMW со типичен дизајн, перформанси, динамика и чувство зад волан карактеристични за досегашните автомобили на марката.
|